ВМРО-ДПМНЕ: Концесиите за рудници во струмичкиот регион се од 2006 година во време на ДУИ и СДСМ

Димитар Ковачевски во обид да го одбрани министерот за економија, Крешник Бектеши за концесиите за рудник во струмичко се заплетка во сопствената лага. Без никаков срам се со цел да му слугува на Ахмети, пиунот Ковачевски ја излажа јавноста. Според јавните документи, концесиите за рудниците во струмичко се дадени во 2006 година, во време кога власта беше во рацете на СДСМ и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека и покрај тоа Ковачевски дрско обвинува други, иако со еден потпис може да ја поништи одлуката за доброто на граѓаните од струмичкиот регион.

– Додека Ковачевски обвинува други, треба веднаш да го разреши Крешник Бектеши или пак да ги разреши изманипулираните министри кои гласале одлука за која наводно не знаеле. Уште еден криминален бизнис на ДУИ кои сакаа да го протнат на мала врата, на штета на граѓаните и државата, потенцираат тие.

Од партијата прашуваат дали Димитар Ковачевски, знае која фирма е дел од концесијата за рудниците во струмичко, а е блиска до Али Ахмети и ДУИ, и дали целата оваа операција е полнење на џебовите на кланот од Зајас?

– И на ДУИ и на СДС едно да им биде јасно, рудници во струмичкиот регион на штета на здравјето на граѓаните и на штета на државата нема да има. Како што ги споија концесиите, така нека ја поништат одлуката на седница на влада, нагласуваат од партијата.

Слични објави