Судењето за Јилдиз Веапоска, родилката од Дебар, се враќа на почеток

од Вести365.МК Ј.Р.

Повторно одложено судското рочиште за родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска, која при породување во 2020 година во струшката болница, остана без три органи: бубрег, матка и јајник. На денешното рочиште требаше да сведочи вештак од Клиниката за гинекологија и акушерство, но тој не дојде поради годишен одмор.

Веапоска видно вознемирена и разочарана, рече нема никакви очекувања од струшкиот суд но најави дека нема да се откаже од правда.

Јас правдата колку години ќе ја барам, бидејќи сум физички оштетена а овде во ходниците судски и психички ќе се пореметам, така што можеби до мојата смрт правда ќе има“, рече Јилдаз Веапоска-родилка од Дебар.

После долго одолговлекување, судскиот процес се враќа на почеток, бидејќи судијата Живко Аврамовски и обвинителот Благоја Даскаловски заминуваат во пензија.

Слични објави