ВМРО-ДПМНЕ: Знае ли Ковачевски за бизнис центарот Соравија кој го купил внукот на Ахмети и за братот на Груби и дуќанот на улица Македонија

Димитар Ковачевски лаже дека не знаел за криминалот и вмешаноста на Рамиз Мерко во судските процеси. СДСМ е во коалиција со ДУИ и сите одлуки и криминал го прават заедно, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека не можел Мерко сам без поддршка од Ахмети и Ковачевски да влијае на судските процеси, да злоупотребува и да вршел значителна корупција како што нотираат од Стејт Департментот.

– Ковачевски не знаел за Рамиз Мерко, а знае ли Ковачевски за бизнис центарот Соравија кој го купил внукот на Али Ахмети и за братот на Артан Груби и дуќанот на улица Македонија? – прашуваат од партијата.

Како што додаваат за овој скандал мора да одговараат сите лица кои се директно и индиректно инволвирани.

– Институциите знаат за криминалот и корупцијата на СДСМ и ДУИ и наместо да молчат и да го прикриваат, мора веднаш да реагираат, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични објави