Парче метал во мафини. Граѓанка на Фејсбук ја предупредува јавноста да знае што се продава низ Македонија.
Марија Кирев во својата објава вели дека среќа што не го дала децата да јадат, а планира и да покрене судска постапка.
Дека нема квалитет и безбедна храна во Македонија, одамна е познато, но дека од мафин Brownies-Vincinni за дел од секундата ќе се задушев и при што ми скрши заб не верував, како едно ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ го пишувам овој пост, бидејќи знам дека Мафините Brownies-Vinccini Макпрогрес се на секој роденден, секоја детска прослава. Долго време се мислев дали да го објавам овој пост но мислам дека моја граѓанска должност е да ја известам пошироката јавност што се се произведува и пласира на пазарот. Имено од мафина на Винчини кој од сета несреќа, среќа иако им ја нудев на мојот 7 годишен син, и ќерките на мојата другарка (среќа не сакаа да ја изедат, ќе беше фатално не сакам ни да помислам) јас да не се фрла ја голтнав мафината при што осетив тап удар и потоа нешто не ми даваше да дојдам до воздух. Среќа останав прибрана и со ноктите гребав по своето грло борејќи се за здив.
Фала на Бога го извадив парчето метал кое што беше внатре во мафината, а забот пола сум го голтнала пола го исплукав. Не чуваше Господ сите, се уште ми се крева кожата од самата слика. Траумата и стравот не се бришат, а со господата од Макпрогрес-Винчини се гледаме на суд, бидејќи иако уредно беа известени не покажаа никаква заинтересираност или загриженост ,сепак за нив потрошувачот не е на прво место. Господ е голем, гледа се!, вели таа во нејзината објава. на која може да го видите и видеото.