Ова е новата куќа на Џенифер Лопез и Бен Афлек: Има теретана и 24 бањи ФОТО

од Вести365.МК Ј.Р.

Долго време бараа куќа од соништата, се пишуваше за купување неколку вили, но дури сега конечно одлучија.

Џенифер Лопез и Бен Афлек купиле луксузна вила во Wallingford Estates во Беверли Хилс за која потрошиле 60 милиони долари, пренесува TMZ.

Куќата има 4273 квадратни метри со пет хектари градина. Се состои од 12 спални соби и 24 бањи, а вклучува спортска сала со терен за кошарка, теретана, боксерски ринг и бар.

Имотот има и пентхаус од 456 квадратни метри, двособна безбедносна куќа и гаража за 12 автомобили. Има и дополнителен паркинг простор кој може да собере 80 возила.Имотот првично беше продаден за 135 милиони долари пред пет години, но цената со текот на годините опадна. Минатиот месец куќата повторно беше ставена на продажба за 75 милиони долари, но славниот пар успеа да ја намали и таа цена.

Им требаше само една недела

да го склучат договорот за новиот дом и веќе почнаа да се вселуваат. Куќата е фотографирана од воздух и пред неа може да се видат многу нивни работи, како фотелји, каучи, теписи и друг мебел како се преместуваат од претходната куќа во новата. На имотот е снимена и Џеј Ло.

Слични објави