Американскиот актер Ал Пачино (83) наскоро ќе стане татко по четврти пат.
Неговата девојка Нур Алфала (29) е бремена во осмиот месец, пренесува TMZ. Ал го победи 79-годишниот Де Ниро, кој штотуку доби бебе со Тифани Чен.

Пачино и неговата девојка предизвикаа гласини за романса во 2022 година кога папараците ги „уловија“ на вечерно излегување.

Пачино никогаш не се оженил, но има три деца, ќерките Џули Мари Тарант (33) и Оливија Роуз Д’Анџело (22) и синот Антон Џејмс Д’Анџело (22). Најстарата ќерка ја имаше со учителката Јан Тарант, а близнаците со колешката Беверли Д’Анџело, со која беше во врска од 1997 до 2003 година.
Со години беше во врска со аргентинската актерка Лусила Соло за која рече дека би можел да ја ожени, а позната е и како мајка на актерката Камила Мороне, поранешна девојка на актерот Леонардо ди Каприо. Лео ја запознал младата Камила благодарение на неговиот пријател Пачино, но љубовта пукна, исто како и сите негови врски кога жените сакаат нешто повеќе од него.
Моментално е во врска со Нур која е дури 54 години помлада од него. Алфала инаку е позната по врските со исклучиво постари мажи.