Зошто позелене водата во Венеција

Властите во Венеција истражуваа зошто водата во главниот канал на градот беше флуоресцентно зелена во неделата, а првите резултати покажуваат дека станува збор за течност што ја користат водоинсталатери за следење на протокот на вода во случај на истекување.

Како што пишува „Месаѓеро“, со истрагата раководела локалната полиција, при што било утврдено дека овој производ лесно може да се купи онлајн, а дека пакувањето од само 250 грама е доволно за да се создаде ефектот виден во неделата, кога голем дел од водата беше зелена „Газетина“ пренесува дека досега е исклучена можноста за човечка грешка.

Малку е веројатно дека тоа било случајност“, велат техничари и биолозите на регионалната агенција за животна средина за весникот „Венето“.

Утврдено е дека течноста не е токсична.

Слични објави