Американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер, по средбата на претставниците на Квинта со премиерот Курти изјави дека земјите од Квинта веруваат дека најдобро би било новоизбраните градоначалници на општините на северот да не работат од општинските згради на краток рок, според „Репортери“.
„Се договоривме дека ситуацијата треба да се деескалира, но не знам дали можам да кажам дека има договор како ќе се случи таа деескалација. САД веруваат, а јас зборувам за моите колеги, дека тоа не е неопходно избраните претседатели на општините на север да одат на работа. Всушност, краткорочно препорачуваме тоа да не се случи“, рече тој,
Според него, препораката на САД е градоначалниците да не работат од општинските згради, но од други згради, пренесува Косово онлајн.
„Како што владата им дозволи да полагаат заклетва во други згради, за да се избегнат конфликти, ние исто така мислиме дека тоа е вистинскиот начин да се направи тоа“, додаде Ховенијер.