Бектеши не очекува струјата да биде поскапа

Првиот човек на Регулаторна вели дека за да им се пресметува на домаќинствата, најпрво ќе треба да се прилагодат и броилата. Ефтина струја ќе има два часа во денот во период кој допрва ќе се утврдува, но термините ќе бидат од 11 до 16 часот. Бислимовски вели дека сите детали ќе се финализираат за 15тина дена.

„Евтината струја нема да стапи на сила во еден ист момент за сите, поради тоа што голем дел од броилата немаат далечинско управување, па тимови ќе треба кај секој да пристапат физички.“ изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Регулаторна ги прибира и барањата на енергетските компании за новата цена на струјата во тарифникот кој ќе се применува од 1ви јули. Барање до крајот на месецов треба да достави уште МЕПСО, а ЕСМ наредниот месец треба да каже по која цена ќе ја продава произведената струја на ЕВН Хоум, од што и најмногу ќе зависи каква струја ќе плаќаат граѓаните.

Она што е повеќе од јасно е дека ДДВ-то на сметките се враќа на18%. Сепак, министерот Бектеши уверува дека граѓаните нема да плаќаат поскапа струја од сегашната, а најави и пресметка по нов модел.

Освен поевтини сметки за струја, Бектеши уверува дека граѓаните летово ќе плаќаат и поевтина храна. Од први јуни цените повеќе нема да бидат под мраз, бидејќи за одредени производи таа е и пониска од одредената. Бектеши најави дека сепак состојбата ќе се следи и доколку има злоупотреби ќе се преземат мерки.

Слични објави