Верувале или не ова е сестрата близначка на Жизел Бундшен: „Сега се гледа што сè оперирала!“

од Вести365.МК Ј.Р.

Многумина не знаеја дека бразилската манекенка Жизел Бундхен (42) има сестра близначка бидејќи само неколку пати објавувала фотографии со својата близначка Патриша.

Имено, Жизел се појави со својата сестра на настанот „Luis Alliance gala“ организиран од Бразилската фондација, а близначките гордо им позираа на фотографите.

Иако и двете убавици воодушевија со својот изглед, сепак некои детали привлекоа внимание, а тоа е разликата во нивниот изглед. Жизел отсекогаш тврдела дека е потполно природна и не направила никаква естетска или пластична операција, но откако обожавателите го споредиле нивниот изглед, заклучиле дека манекенката не била целосно искрена.

– Има сосема поинаков тонус на лицето, вратот и кожата – гласи коментарот.

Се гледа дека Жизел доработувала нешто на себе – беше друг коментар.

Да потсетиме, Жизел неодамна во интервју за Vanity Fair детално проговори за крајот на бракот со Том Брејди (44). Таа призна дека и било тешко да го гледа последниот натпревар на нејзиниот поранешен сопруг.

Иако некои ја критикуваа дека секогаш е против фудбалската кариера на Том, таа ги нарече таквите обвинувања „многу штетни“. Рекла и дека и било тешко бидејќи замислувала дека животот ќе оди поинаку отколку што мислела.

Верував во бајки кога бев дете. Мислам дека е убаво да се верува во тоа. Мислам, толку сум благодарна што го направив тоа – заклучила таа.

Слични објави