Отворен ден во СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје, една поинаква приказна

СУГС „Владо Тасевски“ – ПТТ, Скопје, на 22.05.2023 (понеделник) во 12 часот организира отворен ден, каде на еден поинаков начин ќе го претстави својот тим, струките и насоките, можност за идните деветто одделенци.
Настанот ќе се одржи во дворот на училиштето, а специјален гостин кој ветува одлична забава е добро познатиот Пајак.


СУГС „Владо Тасевски“ – ПТТ, Скопје е средно училиште кое преку својот стручен кадар нуди можност за изучување на три струки: сообраќајна, електротехничка и машинска струка.


Врз основа на концептот за насочено средно образование, ПТТ нуди можност за стекнување на знаење и подготовка на стручен кадар, кој е дефицитарен на пазарот, работоспособен веднаш по завршувањето на средното образование, но и подготвен за продолжување на образованието на некој од техничките факултети. СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје, нуди можност за дуално образование како и практична настава во високо реномирани компании, имајќи ја предвид остварената соработка со голем дел од нив.


Училиштето е опремено со современа опрема за изведување на наставата, располага со нови простории и инвентар, голема и уредена сала, големо игралиште и теретана со секаква опрема за вежбање.


СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје е големо семејство, каде секој член е повеќе од добредојден. Семејство во кое царува љубовта, почитта и другарството.


„Деветто одделенци, за да дознаете повеќе информации за СУГС „Владо Тасевски“, но и за да ја почувствувате неверојатната позитивна енергија на ПТТ, не ја пропуштајте можноста да бидете дел од отворениот ден, на 22.05.2023 во 12 часот. Ве очекуваме!“ – велат од СУГС „Владо Тасевски“.

ПР објава

Слични објави