Вчеравечер, во холот на OУ “Марко Цепенков” одржавме настан по повод 1540 годишнината од раѓањето на Свети Цар Јустинијан Први, информира градоначалникот на Зелениково Коста Маневски.
Тој се заблагодарува до целиот тим што го организираше овој културен настан, прв од ваков вид во Зелениково, и упати посебна благодарност и до актерот Петар Темелковски, кој ја презентираше својата монодрама “Последната ноќ на Јустинијан Први” и проф. д-р Митко Панов кој стручно не воведе во животот и делото на императорот.
Светиот Цар Јустинијан Први почитувани бил роден на 3 км од местото на прослава вчера, во Таоресиум. Колкумина сме биле да го посетиме археолошкото наоѓалиште? Знам дека бројот е многу мал, но до некаде и подобро што е така. Бидејќи разочарувањето од глетката таму е големо. Никаква заштита, никакво обележување на ископнините, се е оставено на милоста на времето и немилоста на присвојувачите на историја.
За чествувањето на 1540 годишнината од раѓањето на Светиот Цар Јустинијан Први покана добија и институции кои се (или барем би требало да се) дирекно инволвирани во Таоресиум, културата, историјата. За жал вечерва не се присутни.
Но затоа, Општината Зелениково ќе продолжи сама да се бори за промоција и унапредување на сите културно-историски споменици кои се наоѓаат на територијата на општината.
Затоа и вчера јавно дадов иницијатива до Совет на Општина Зелениково 11 мај- Раѓањето на Јустинијан Први да биде изгласан за новиот Ден на општина!
Се гледаме следната година повторно на 11 мај за чествување на Неговата слава, но и за чествување на Ден на општина Зелениково, напиша градоначалникот.