80 години од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка

од Вести365.МК Ј.Р.

Во Битола, Штип и Скопје од денеска до недела ќе се одбележуваат 80 години од 11 Март – Денот на депортацијата на 7144 македонски Евреи во логорот ан смртта Треблинка.

Собранието информираше дека негови делегации ќе положат цвеќе на спомен-обележја во овие три града од кои биле најбројни депортираните македонски Евреи во 1943 година.

Собраниска делегација, во состав: Марија Кочовска, Олга Лозановска и Силвана Ангелеска, денеска ќе положи цвеќе во Битола пред Споменикот на жртвите на холокаустот од Битола и пред Споменикот на Естреја Овадија-Мара.

Утре, 10 март, собраниска делегација во состав: Емилија Рамбабова и Никола Мицевски цвеќе ќе положи пред Споменикот на депортираните Евреи во Штип.

В недела, 12 март, собраниска делегација во состав Марија Георгиевска, Рашела Мизрахи и Иванка Василевска ќе оддадат почит на жртвите Евреи од Скопје.

Цвеќе ќе биде положено и пред Споменикот на 7144 македонски Евреи во Тутунски комбинат-Монопол и пред Споменикот на депортираните Евреи и Споменикот на паднатите борци во НОБ на Еврејски гробишта – Градски гробишта Бутел.

Слични објави