На денешен ден пред 54 години, односно на 23 април 1972 година поставен бил камен-темелникот на Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје.
Осветувањето се случило на 12 август 1990 година.
Една од најубавите цркви во Скопје е од тип ротонда, со димензии 36 x 36 м. и се состои од куполи и лакови, под кои е опфатена површина од околу 1.000 м2, а тој простор може да собере речиси 6000 верници.
Осветлувањето на црквата се врши преку пет тони тешкиот полилеј што е поставен под централната купола, а на него се наредени околу 400 светилки.

Вториот полилеј, кој е во средината, виси над светиот престол во олтарот.
На 45 метри висока камбанарија, што се наоѓа во дворот, лево од главниот влез на црквата, се поставени 3 камбани. Најголемата е тешка 1.000 кг, втората 500 кг, а третата 300 кг и сите се излеани во Австрија.
Фонтаната која се наоѓа пред црквата е подарок од Исламската верска заедница.