За 100 дена колку што е министер за здравство, Меџити се пофали дека решил потенцијална еколошка катастрофа на Клинички центар, тргнал 40 хаварисани возила. На настанот посветен на доопремување на Одделот на ревматологија и кардиологија на Клиника за детски болести Меџити рече дека се занимава со паркингот на Клинички, со местење на нови клупи, а работи и на отстранување на модуларната болница на чие на чие место треба да биде паркинг.
– Одделот е реновиран со помош на Комерцијална банка. Вредноста е 5 милиони денари. Морам да кажам дека оваа клиника работи многу добро. Что с еоднесува до моето рботењен можам да кажам дека ставивме клупи низ болницата, го решаваме паркингот- вели Меџити.
Во однос на паркингот на Клинички центар Меџити вели дека бирократските процдури не може да ги забрза. Со паркингот сега раководи град Скопје, до каде е постапката за нов концесионер не знае, се чека.