169 лица пријавени за гласање на изборите во Бугарија

од Вести365.МК | С.З.

Само 169 лица од Северна Македонија се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април, при што најмногу пријавени имало во Кавадарци 42, Прилеп 41 и Тетово 40, објави бугарското Министерство за надворешни работи. Според резултатите од последниот попис на населението во Македонија, во 2021 година, како Бугари се имаат изјаснето 3.504 лица. Најавените избори ќе бидат петти по ред парламентарни избори во две години, откако по последните избори ниту една пратеничка листа не успеа да формира влада.

Слични објави