Светскиот младински уметнички институт – Центар за УНЕСКО со седиште во Троја – Франција информира дека на учениците при Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на овогодинешниот 3О јубилеен конкурс кој овој пат ја носеше темата “Спомени од иднината – Митови и легенди од мојата земја” доделени им се 2О индивидуални Благодарници – Признанија за учество со посебен акцент на индивидуалниот уметнички пристап на 2О ученици од Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола.
![](https://vesti365.mk/wp-content/uploads/2023/03/Vesti365_bitola5-1024x461.jpg)
УНЕСКО, оваа светска детска ликовна манифестација ја реализира 3О години, а на годинешниот конкурс пристигнаа дела од над 7О земји во светот кои генерираа фонд од околу 4.ООО дела од кои 84О ја поминаа првичната селекција по која и се доделени Благодарниците – Признанијата.
![](https://vesti365.mk/wp-content/uploads/2023/03/Vesti365_bitola6-768x1024.jpg)
Втората фаза опфати 3ОО дела по што следеше номинација на 2ОО ученици за 1ОО награди или најдобрите 1ОО во светот во детско сликарство. УНЕСКО ги најави номинациите на 8-ми март 2О23 година а ова се финалните резултати.
Од Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола има 12 ученици кои се меѓу селектираните – номинираните и наградените 3ОО до 1ОО дела од 7О држави и тоа:
Фросина Полизовска [9 години] – Меланија Кондовска [14 години] – Велерија Костовска [16 години] која го освои и третото место – бронзен медал во категоријата млади уметници од 14 – 17 години и Ангела Цветковска [18 години].
Награди добија и учениците Никола Тасевски [1O години] и Јана Талеска [1О години] како и учениците Анастасија Наумчевска [14 години] – Сара Наумовска [14 години] – Ана Полизовска [14 години] – Леа Стерјев [14 години] – Марија Јанкуловска [15 години] Сирма Спиркоска [15 години] и Андреа Ресановиќ [15 години].
Посебна покана за посета на церемонијата на доделување Награди има ученичката Валерија Костовска и Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на Специјална церемонија на доделување на наградите која ќе се одржи на 3 јуни 2023 година во Espace Argence во Троја – Франција.
Овој успех доаѓа во година кога Министерството за култура на Северна Македонија за УНЕСКО програмата со акцент на 24-тата светска детска ликовна изложба – конкурс и колонија во Евора – Португалија на студиото им додели нула денари финансиска помош.
Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола беше единствениот претставник – учесник на УНЕСКО конкурсот за Северна Македонија за што посебно Признание добива студиото и Претседателката Елена Хаџи-Антоновска.
![](https://vesti365.mk/wp-content/uploads/2023/03/Vesti365_bitola7-768x1024.jpg)
Патувањето на претставници од Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола и наградените ученици засега како најавуваат од студиото за жал нема да може да се реализира.