10 отсто поголема излезност на парламетарните избори споредбено со изборите во 2020 година

Излезноста до 13 часот за претседателските избори во вториот круг бележи пад за 2 отсто. Во првиот круг од претседателските избори до 13 часот гласале 24,71 отсто од гласачите, додека за вториот 22,86 отсто од гласачите.

Кај парламентарните избори споредбено со изборите во 2020 година се бележи голем раст дури од 10 отсто поголема излезност.

Во 2020 година излезноста до 13 часот на парламентарните избори била 15,53 отсто, на денешните парламентарни избори излезноста до 13 часот е 25,77 отсто.

Слични објави