Штрајкот се исплатеше, платите во Германија ќе пораснат за најмалку 340 евра

од Вести365.МК Ј.Р.

Синдикатите и работодавачите во германскиот јавен сектор постигнаа договор за нов колективен договор, по четвртиот круг преговори во саботата вечерта во Потсдам.

Околу 2,5 милиони вработени во секторот јавни услуги од јуни ќе добијат 3.000 евра исплати поради високата инфлација.

Од март 2024 година платите ќе пораснат за уште најмалку 340 евра.

Договорот во голема мера ја следеше арбитражната препорака објавена пред една недела.

Договорот е на 24 месеци.

Во последниве месеци, германските синдикати го парализираа јавниот транспорт, градинките, болниците и собирањето ѓубре со штрајкови низ целата земја поради спорот околу платите.

Слични објави