Челзи преговара со Енрике, ПСЖ му го краде Нагелсман!

Англискиот гигант Челси неодамна го отпушти Грем Потер. Потоа почна потрагата по нов тренер. Досега контактирале двајца тренери, Луис Енрике и Јулијан Нагелсман.

Сепак, во трката за потписот на германскиот стратег се вклучил и ПСЖ кој сака да им ги расипе плановите на „сините“, и се очекува Нагелсман да го преземе ПСЖ.

Енрике денеска пристигна во Лондон на преговори со газдата Тод Боели и раководството на Челси. Според медиумите, Шпанецот ќе биде новиот тренер на премиерлигашот.

ПСЖ планира да ја почне новата сезона со Нагелсман на кормило на екипата. Ова е поради незадоволството со Кристоф Галтие, кој ќе го предводи францускиот шампион до крајот на сезонава.

Слични објави