Хакиран профилот на Инстаграм на Петре Шилегов

од Вести365.МК | М.Т.

Поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов објави дека му е одземен од владение неговиот официјален профил на социјалната мрежа Инстаграм. Како што објави Шилегов на Фејсбук, неговиот профил е хакиран и ги замоли неговите следбеници да не одговараат на пораките кои ќе им се испратат.

„Почитувани, да Ве известам дека Инстаграм профилот ми е хакиран, не одговарајте на никаква порака која што ќе ја добиете!“ – напиша тој.

Слични објави