Уште едно животно угина во Зоолошка градина, бизонот бил заболен од пневмонија

од Вести365.МК Ј.Р.

Зоолошката градина остана без уште едно животно. Оттаму соопштија дека утрово угинал европскиот бизон, редок претставник на европската дива фауна, кој од 2011 година беше жител на скопската ЗОО. Животното имало 17 години, а од Зоолошка објаснуваат дека животниот век на бизоните е од 14 до 20 години.

Пред околу година и половина кај него беше дијагностицирана пневмонија, по што следеше долготраен процес на терапија и внимателно следење од страна на нашиот тим ветеринари и неговите негуватели. Иако со многу посветеност успеавме да ја стабилизираме неговата состојба, во изминатите две недели повторно покажа знаци на слабост и отежнато дишење. Веднаш беше вклучена интензивна секојдневна антибиотска терапија одредена според антибиограм и постојан надзор, но за жал, и покрај сите наши напори, не успеавме да го спасиме – информираа од Зоолошката градина.

Пред една недела во ЗОО угина гибонката Софи, кај која била утврдена туберкулоза.

Слични објави