Идентично како обидот за атентат врз Трамп, убиецот на Чарли Кирк пукал од покрив

од Вести365.МК Ј.Р.

„Чарли Кирк го правеше она што често го правеше, држеше говор и дебатираше во стилот ‘докажи ми дека грешам’, кога фигура облечена во темна облека се појави на покривот и испука еден истрел, погодувајќи го во каротидната артерија. Снимките на социјалните мрежи се морничави“.

Вака дописничка на Би-Би-Си го коментира случајот со убиството на сојузникот на американскиот претседател Доналд Трамп кое ја потресе Америка. Американските власти активно трагаат по напаѓачот.

Трамп изјави дека ова е „црн ден за Америка“.

„Очевидци опишаа како гледаат фонтана од крв што му блика од вратот додека ја крева раката. Личното обезбедување на Кирк беше таму и го однесоа со приватен автомобил во болница каде што беше прогласен за мртов. Ова предизвика многу страв во САД за иднината на земјата и за политичките поделби овде“, продолжува текстот.

Според Би-Би-Си, одредени десничарски медиуми во САД објавиле дека е можно убиството на Кирк да било поради одмазда.

Слични објави