Во околината на Струмица и Штип денес рано наутро земјотреси ги разбудиле жителите на овој регион.
Регистрирани се два земјотреси од кои првиот 120 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Струмица, а вториот на 70 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип, информираат од Сеизмолошката опсерваторија Скопје.
Првиот земјотрес се случил во 4 часот и 55 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.2 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и бил почувствуван од населението во Струмица и околината, а вториот се случил во 6 часот и 32 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и бил почувствуван од населението во Штип и околината.
