Удинезе ја испрати Сампдорија во Серија Б, Емполи победи, Болоња со реми!

Удинезе со победа од 2:0 ја испрати Сампдорија во Серија Б, откако реализираа два гола во првото полувреме. Македонскиот репрезентативец во редовите на Удинезе, Илија Несторовски имаше неколку полушанси, но Переира и Масина ги постигнаа головите за Удинезе.

Во вториот меч, Сасуоло и Болоња играа нерешено, каде Болоња е во серија од пет натпревари без победа, а Марко Арнаутовиќ се појави на теренот по пауза од 50 дена.

Во третиотденешен меч, Емполи ја совлада Салернитана со 2-1, каде единствениот погодок за гостите беше дело на Пјонтек.

Слични објави