Тој е сослушан во полициската станица Лукавац, каде ги образложил сите околности поврзани со овој настан и ќе биде предаден на Обвинителството на кантонот Тузла.
Обвинителството на ТК утрово соопшти:
„Станува збор за лице кое сè уште нема 14 години. Роден е на крајот на јуни 2009 година. Приведен е во ПУ Лукавац. Тој испукал неколку куршуми во наставникот. Откако испукал неколку куршуми во наставникот и го застрелал со еден истрел, тој го фрлил пиштолот, кој бил пронајден на училишниот терен и ќе биде предмет на вештачење Дежурниот обвинител истрагата ја води на терен во соработка со Одделот за криминалистичка полиција на Министерството за внатрешни работи и ОКП на ПУ Лукавац“, рече Арнаутовиќ и додаде дека момчето не може кривично да одговара.
Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи по наредба на надлежен суд и наредба на Обвинителството вршат претрес во семејната куќа во Лукавац.
