Двајца триесетгодишни луѓе рано утринава околу 05.00 часот паднале од бедемите на Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Еден од нив починал на лице место, а другиот е тешко повреден, но во свесна состојба е пренесен во болница.
Младиот човек кој падна од бедемот на Петроварадинската тврдина и почина на лице место е идентификуван како Лазар Ѓ. (30) од Параќин, додека Стефан Љ. (30) е повреден и тој е во тешка состојба, но моментално е стабилен.
Според српските медиуми, во досегашната истрага е утврдено дека била организирана ергенска забава. Еден од мажите сакал да направи селфи фотографија на бедемот на тврдината, изгубил рамнотежа, механички се закачил за човекот кој бил до него, го повлекол и заедно паднале од тврдината, велат извори блиски до истрагата.
Се уште се истражуваат сите околности на случајот со трагични последици.
Што се однесува до повредененото лице, според информации од Клиничкиот центар на Војводина, пациентот Стефан Љ. бил примен на Клиниката за анестезија и интензивна нега на КЦВ со тешки политрауматски повреди, претежно на ‘рбетниот столб и градниот кош.
По првичната дијагноза и итна помош, пациентот е во сериозна, но стабилна општа состојба.
Трагичниот настан се случил утринава околу пет часот кога од бедемот на Петроварадинската тврдина паднаа двајца 30-годишни мажи од Параќин.
На повик на полиција интервенирала новосадската Брза помош, па маж бил пронајден без знаци на живот и бил направен обид за реанимација, но и покрај напорите на лекарите тој починал.
Според лекарот од итната помош Николина Мариќ, вториот човек во свесна состојба бил пренесен на хируршкото одделение на Клиничкиот центар во Војводина.