Тешка сообраќајка во „Влае“, едно од возилата е преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово кај мостот „Влајко“ во скопската населба Влае. Во сообраќајката учествувале две возила, од кои едното е пресечено на половина.

Засега нема информации колку лица се повредени.

МВР го регулира и пренасочува сообраќајот кај бензинската станица на „Макпетрол“. Од снимките,може да се каже дека до судар дошло помеѓу „Ауди“ и „Шевролет Спарк“.

Според очевидци, ударот настанал на самата крстосница. Едното возило се вклучувало на булеварот, а другото се движело по него со огромна брзина.

Слични објави