Дневен хороскоп: Близнаците да не се откажуваат од идеите, Рибите проблем на работа

од Вести365.МК | М.Т.

ОВЕН

Немојте да се чудите ако обидите за постигнување договор се блокирани од другата страна. Може ќе успеете да најдете решение за ова, доколку се обидете. Присуството на една личност ви прави непријатност. Не знаете дали да преземете акција или не.

БИК

Ќе се соочите со ограничувачки ситуации кога се во прашање вашите планови. Некои договори може да се одложат, а состаноците да се пролонгираат. Фокусирајте го вашето внимание на завршување на деловните обврски што ги имате. Одличен момент за движење кон личноста за која сте заинтересирани.

БЛИЗНАЦИ

Ова е ден со променлива енергија. Некои работи ќе ги завршите за кратко време, додека со други ќе се мачите. Без оглед на ситуациите кои ќе ви се најдат на патот, не се откажувајте на првата пречка. Едно лице ве привлекува и одбива во исто време.

РАК

Премногу се успорувате, се оптоварувате и на тој начин доведувате до застој кога станува збор за исполнување на обврските. Вашиот колега толку многу ве нервира што тешко се воздржувате да зборувате. Оладување во врската со саканата личност.

ЛАВ

Ви претстои привршување на обврските и ако успеете да го направите ова во утринските часови, целосно ќе се ослободите. Ви се чини дека личноста која ви се допаѓа игра со вас игра „топло-ладно“. Ве нервира однесувањето на вашиот емотивен партнер.

ДЕВИЦА

Ни самите не знаете од каде добивате сила да се борите со обврските и соработниците. Мора постојано да ги убедувате во нешто и да докажувате дека сте во право. Сето ова ве нервира. Некој близок ве повредил со нешто. Вие молчите и чекате гневот во вас малку да се смири.

ВАГА

Треба да се посветите на деловните работи. Сè изгледа покомплицирано и потешко отколку што е. Може да се справите. Ви пречат забелешките на колегите, но ќе молчите. Во емотивниот сегмент – флертувањето.

СКОРПИЈА

Тие грешки што ги направивте вчера, треба да ги исправите денес. Свесни сте и дека не сте се однесувале правилно кон некои луѓе и ќе се обидете да ја „испеглате“ ситуацијата. Можност за емотивен контакт, веројатно во тајност. Некои од вас ќе се обидат да седнат на две столчиња.

СТРЕЛЕЦ

Очекувајте потешкотии, блокади и пречки во деловниот сегмент. Посебно ќе ви биде тешко да одржувате коректна комуникација со деловните соработници. Малку сте срамежливи кога е во прашање емотивниот партнер. Постои одреден вид на незадоволство, каење.

ЈАРЕЦ

И самите сте свесни дека нема да можете да завршите се што сте презеле. Сето ова ќе ве направи многу нервозни и напнати, па можете да расипете некои врски. Обидете се да покажете повеќе тактичност и разбирање во односот со саканата личност, иако тоа ќе биде доста тешко.

ВОДОЛИЈА

Напнатоста во деловниот сегмент е опиплива и ќе биде доста тешко нормално да функционира. Ниту вие, ниту оние со кои работите денес не сте подготвени за компромиси. Можност за сексуален контакт или кратка авантура. Флертување.

РИБИ

Некои луѓе се во вашата глава. Доста ви е од соработниците и шефовите кои разговараат со вас и добро знаете дека сте во право. Барем вие така мислите. Ќе се трудите да одржувате коректна врска, но ќе ви биде многу тешко. Емотивно – големо незадоволство.

Слични објави