Телма: Обврзниците кои ги заплени царината се со истечен рок

Обврзниците кои царината ги заплени кај турски државјанин на скопскиот аеродром не вредат 92 милиони долари бидејќи се со истечен рок и нивниот сопственик е починат, тврдат за  Телма извори од истрагата.

Станува збор за корпоративни обврзници на компанија регистрирана во една од омилените оф шор дестинации- Бахамите, а нивниот сопственик починал уште во 2015 година. Тие не котираат на ниту една берза и се безвредни.

Директорот на Царината, Стефан Богоев, цариниците морале да го задржат турскиот државјанин и обврзниците бидејќи ги немал пријавено како што налага законот.

Тој е дециден дека без разлика дали обврзниците имаат или немаат вредност истрага е отворена а со запленувањето на аердормот е спречено кривично дело бидејќи со нив можело да се стори измама или пак перење на пари.

Турскиот државјанин, кој беше уапсени на 28 јули, иако носел обврзници со туѓа сопственост, можел да ги внезе и изнесе од државата и тоа го предвидува член 30 од законот за девизно работење, но морал да ги пријави. Затоа тој одговара прекршочно и му е му е изречена глоба, покрај заплената на обврзнисите со истечен рок.

Слични објави