Сончево со температури до 24 степени, поладне краткотраен дожд

од Вести365.МК Ј.Р.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, најавува УХМР. Попладне претежно во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Температурата ќе се искачи до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 22 степени.

Слични објави