„Солзи ми течеа по лицето, но не плачев“ – Ендрју Тејт за времето поминато во затвор:

од Вести365.МК | М.Т.

Ендрју Тејт во разговор со Пирс Морган открил дали плачел додека бил во затвор.

„Солзи ми течеа по лицето, но не плачев“, рече Тејт.

Но, тоа е плачење, одговорил Морган.

„Не би се согласил“, рекол Тејт, а потоа објаснил дека солзите му течеле додека правел илјадници и илјадници склекови во затворот, грижејќи се за своите деца и за вработените.

„Кога седите и плачете, тоа е знак дека сте очајни, но ако правите склекови додека размислувате за вашите деца и се концентрирате да правите што повеќе склекови… Тоа не е плачење“, заклучил Тејт.

Да потсетиме, романската полиција кон средината на декември упадна на имотот на Тејт, заплени имот проценет на 4,1 милиони евра, а сето тоа поради сомневање дека силувал девојки и се занимавал со трговија со луѓе, поради што Тејт помина неколку месеци во затвор во Букурешт од каде е пуштен во домашен притвор.

Слични објави