Следната година Евровизија повторно ќе се одржи во Шведска, дури 50 години по победата на АББА: „Не е случајно“

од Вести365.МК Ј.Р.

Швеѓанката Лорин (39) победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија со песната „Tattoo“. Но, тоа не и е прв пат. Во 2012 година победи и на тој музички натпревар, а за најдобра беше прогласена нејзината се уште популарна песна „Еуфорија“.

Додека некои се воодушевени од изведбата и сметаат дека Лорин заслужено победила, некои веруваат во теоријата на заговор.

Изборот за песна на Евровизија следната година ќе се одржи во Шведска, точно 50 години откако АББА победија на натпреварот со песната Ватерло. Ова ги наведе гледачите да помислат дека целиот натпревар е наместен.

„Лорен победи, а АББА следната година ќе се појави во финалето затоа што е 50-годишнина од нивната победа“, „Комплетниот плагијат на Лорен на „The winner goes all“ на АББА и „Flying free“ на Понт Ерис, како е можно е некој да не каже нешто?“, „АББА пред 50 години, ова е втора победа на Лорин, кажете ми дека не било планирано“ – напишаа следбениците.

Слични објави