Се огласи Путин: Украина почна

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека во тек е напад на украинските сили во четири правци.

Според него, Украинците трпат катастрофални структурни загуби, додека Русија има 10 пати помали загуби во споредба со Киев, кој спроведува контраофанзива.

Путин изјави дека Киев изгубил 160 тенкови и 360 оклопни возила за време на контраофанзивата.

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека целите и задачите во Украина се менуваат во согласност со моменталната ситуација, но дека тие се од фундаментално значење во целина.

Тој нагласи дека Русија по распадот на СССР се залага за најдобри односи со земјите од поранешниот СССР и со Западот.

Сепак, Запад цело време се обидува да ја дестабилизира Русија, рече Путин на средбата со воените новинари. Украина е земја, рече тој, која Западот ја користи за да ја дестабилизира Русија.

Зборувајќи за Украина, тој рече дека Русија нема никакво влијание врз таа земја и искрено се стреми кон нормални односи.

„Русија немаше никаква врска со настаните во Донбас во 2014 година“, посочи рускиот претседател и додаде дека тие не ѝ даваат никаква шанса на Русија да гради нормални односи со братскиот украински народ.

„Поранешниот претседател на Украина, Виктор Јушченко, стана лидер на земјата како резултат на државен удар, како резултат на третиот круг“, рече тој.

Русија со децении ја храни Украина и ја поддржува нејзината економија, истакна Путин.

На средбата присуствуваа воените известувачи Семјон Пегов, Александар Слатков, Ирина Куксенкова, Дмитриј Стешин, Андреј Руденко, Максим Долгов, Евгеније Подубини, Александар Коч и други.

Последен пат Путин зборуваше накратко со воените новинари во јуни 2022 година на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Слични објави