Серија А: Рома едвај нерешено, Емполи го посрамоти Јувентус!

Тимот на Мурињо во Серија А има шест натпревари без победа. Денеска одиграа нерешено 2-2 против Салернитана и ги изгубија шансите за пласман во топ четири на табелата. Салернитана беше поблиску до победата, водеше двапати во текот на натпреварот. Мечот беше отворен со гол на Кандрева за Салернитана, а потоа Ибањез имаше поништен гол поради игра со рака. Во второто полувреме, Ел Шарави израмни на 1-1, но Салернитана брзо повторно забива и повторно доаѓа до водство. На крајот, Матиќ постигнува гол за Рома и натпреварот заврши со резултат 2-2. Овој резултат значи дека Рома мора да се фокусира на освојување на Лига Европа.

Јувентус доби лоша вест од Апелациониот суд пред натпреварот со Емполи, со што им се поништени 10 бода. Тоа значително влијаеше на психата и настапот на играчите на Јувентус, кои покажаа слабо издание на гостувањето во Емполи. Јувентус сега има невозможна задача да се бори за топ четири и пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Емполи постигна четири гола и ја искористи лошата атмосфера на Јувентус за најголема победа во оваа сезона. Капуто и Луперто беа стрелци за Емполи, додека Киеза постигна гол за Јувентус, но Пиколи го постави конечниот резултат 4-1 во судиското продолжение.

Слични објави