Иако Клековски јавно ветуваше дека нема да се случи повторно да нема лекови, оваа недела недостасува биолошкиот лек Palbosiklib, недостиг има и на лекот Bevacizumab (Авастин) – терапија што ја примаат голем број пациенти два пати месечно, терапија од која зависи нивниот живот.
Кој е сега изговорот на Клековски и на Таравари? Кој ќе понесе одговорност?
Наместо конкретни решенија и навремена набавка, институциите под раководство на ВМРО-ДПМНЕ се неспособни да обезбедат навреме лекови, луѓето со месеци чекаат на терапија.
Ова е директен удар врз здравјето на пациентите за кои овие лекови се животно потребни. Недозволиво е во 21 век да нема континуирана достапност на основна терапија за најтешките болни.
Одговорност мора да има. Животот на пациентите со рак не смее да биде жртва на неспособноста и неодговорноста на оваа власт.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста