Започнаа градежните работи на најголемиот инфраструктурен проект во државата од осамостојувањето досега, изградбата на коридорите 8 и 10д. Со реализација на инвестицијата од 1,3 милијарди евра Северна Македонија станува главна крстосница на Балканот, се поврзуваме кон запад и исток, со пристаништата во Драч и во Бургас, велат од СДСМ.
Додаваат дека покрај зголемената безбедност и подоброто поврзување, изградбата на коридорите 8 и 10д носи економски придобивки за македонските компании.
– Институциите предводени од СДСМ остануваат силно посветени на изградба на безбедна и модерна патна инфраструктруа во државата, истакнуваат од партија.