СДСМ: Денеска ќе биде јасно што одлучил Мицкоски, ЕУ или останува во заложништво на Левица

Нашата држава, нашиот народ е пред историска шанса за продолжување на европскиот пат, со цел полноправно членство во ЕУ најдоцна до 2030 година. Сега е потребно да се искористи таа шанса, да се искористи силната и конкретна поддршка од нашите сојузници во ЕУ и од нашиот стратешки партнер САД, велат од СДСМ.

Додаваат дека немаме време за губење и чекање, важно е опозицијата да ја сфати својата одговорност за остварување на стратешката цел за членство во ЕУ.

– Време е Мицкоски и сите други во ВМРО-ДПМНЕ да се соочат со сопствената одговорност дека имаме шанса да донесеме одлука важна за иднината на земја и тоа заедно. Глас за Европа во македонското Собрание е глас за европска иднина. Најдобро македонско национално единството ќе постигнеме доколку сите големи партии гласаат за уставните измени и го отворат пат кон ЕУ, истакнуваат тие.

Според нив доколку не ги направиме уставните измени дефинитивно ја испуштаме шансата за ЕУ.

– Изборот е интеграција во ЕУ или изолација. Нема друга опција. Денеска ќе биде јасно што одлучил Мицкоски, ЕУ и обединување околу европската иднина на државата, или останува во заложништво на Левица, стои во соопштението.

Слични објави