Провокациите не запираат: Според Ковачев најголемиот дел Македонци биле Бугари

Европратеникот од ГЕРБ/ЕНП Андреј Ковачев со нови провокации му реплицираше на министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи кој пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент изјави дека во Македонија има 3.500 Бугари.

„Сите историски извори велат дека најголемиот етнички дел на Македонија се Бугари. По потекло има стотици илјади – над 120-130.000 со бугарско државјанство“, изјави Андреј Ковачев за ТВ Нова, пренесе „Труд“.

„Многу повеќе треба да се инвестира во надминување на всадените негативни манифестации кон оние кои отворено го декларираат својот бугарски идентитет, тие мора да се интегрираат. Треба да се сменат учебниците. Многу е тажно кога се случува токму спротивното и македонското обвинителство ги обвинува претседателите на двата бугарски клуба за поттикнување омраза, а не дека се подложени на таква. Тие немаат заштита“, објасни Ковачев.

„Османи е еден од ретките кои покажуваат желба за промени, но бројот на Бугарите, кои произлегуваат од пописот, се храбрите луѓе кои и покрај прогоните се изјасниле за својот бугарски идентитет“, категоричен е Андреј Ковачев.

Слични објави