Приведена битолчанка, пронајдена марихуана и амфетамин

од Вести365.МК Ј.Р.

Криминалистичката полиција при СВР Битола денеска привела 53-годишна битолчанка, бидејќи при претрес во нејзиниот дом биле пронајдени марихуана и амфетамин. -При извршен претрес во дом и помошни простории кои ги користи З.М.(53) од Битола пронајдени се 96 паковки со марихуана, една паковка амфетамин, дигитална вага и други предмети. По документирање на настанот против З.М. ќе следува соодветна пријава по чл.215 од КЗ, информираат од МВР.

Слични објави