Пецаков бара спас од блокадата на влезот на Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денес во општината се сретнал со претставници на Хотам, угостителскиот еснаф, туристички агенции, туроператори, СВР Охрид и претставници на стручните служби на Општина Охрид, поради состојбата со затворениот влез во градот и пренасочувањето на сообраќајот по стариот пат за Струга во пресрет на туристичката сезона.

Ги посочив реакции на граѓаните и воопшто на сите засегнати од оваа одлука. Дополнително истакнав дека е добро едногласно да се испрати барање, односно замолница до Владата и Министерството за транспорт и врски за одложување на градежните работи на оваа делница и тие да продолжат од септември или октомври, имајќи предвид дека не се работи за последните километри од автопатот, па така градежните активности може да се пренасочат на други точки“, предлага Пецаков.

Тој кажа дека неговиот став наишол на одобрување кај присутните, и сите учесници го потпишале барањето кое ќе биде испратено до Владата и Министерството.

Тие сметаат дека во пресрет на почетокот на летната туристичка сезона, да се затвори главниот приод кон Охрид е погубна одлука бидејќи со тоа значајно ќе се намали бројот на гости кои што ќе престојуваат во Охрид, имајќи предвид дека тој пат води и до Охридскиот аеродром.

Слични објави