Парис Хилтон стана мајка по втор пат, ќе се вика Лондон

од Вести365.МК | М.Т.

Познатата наследничка Парис Хилтон го доби своето второ дете.

Богатата наследничка и нејзиниот сопруг Картер Реум добија ќерка 10 месеци откако Парис објави дека добила син со помош на сурогат мајка.

Таа на Денот на благодарноста ја објави веста дека добила ќерка, а девојчето го добило името Лондон.

„Благодарна за моето девојче“, напиша Парис Хилтон покрај фотографијата од розова женска облека на која пишува Лондон.+

Да потсетиме, синот кој го добија пред неполна година се вика Феникс.

Слични објави