Основното јавно обвинителство на Битола доби известување од МВР во врска со настанот за наводната политичка злоупотреба на децата од детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ и манифестацијата Мал битолски Монмартр, велат од ОЈО Битола за МКД.мк
Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи во четвртокот најави дека ќе биде поднесена пријава за сомневање за политичка злоупотреба на децата.
Случајот со престојот на децата од битолското ликовно студио во Софија и средбите со бугарски политичари предизвика реакции на родители и на првата детска амбасада во светот Меѓаши за политчка злоупотреба на децата,.