Обвинителството со нов доказ – Обвинетите и при првиот обид да ја грабнат Вања се спремале за убиство

од Вести365.МК Ј.Р.

Јавното обвинителство со нов доказ кој го изведе денеска во судот сака да докаже дека обвинетите планирале да ја убијат Вања Ѓорчевска на 24 ноември 2023 година, кога направиле прв неуспешен обид да ја грабнат.

– Денеска бараме да се изведе уште една околност од видеоматеријалот од безбедносниот систем на Манев, од кој веќе некои снимки се изведуваа пред судот. Но, оваа снимка што дополнително ќе ја покажеме, не беше изведена, а бараме да се изведе на околност дека обвинетите однапред се подготвувале да извршат убиство, а не само грабнување на детето Вања Ѓорчевска. Тоа е спротивно на нивната одбрана изнесена на главната расправа – рече обвинителката.

Палевски рече дека се противи генерално на сите обиди на Јавното обвинителство во дополнителна доказна постапка „да манипулира и да вештачи на лице место, а не се вештаци, туку се обвинители.“

– Така и за овој предлог, на невидено, се согласувам, нека го изведат – рече Палевски.

Судот донесе решение да се прифати предлогот да се изведе снимката од цеето број 4 од куќата на Манев.

На снимката се гледа дека кај 3 часот сабајле на 24.11.2023 обвинетите Велибор Манев и Боре Видевски со пикап „рено кангу” тргнуваат на пат кон Велес, од каде се оди и за Скопје, тие се враќаат на портата на куќата на Манев. Се гледа како тој излегува од возилото и за пола минута се враќа со лопата во раката. Ја става лопатата и тргнуваат со Боре.

Девојчето беше убиено на 27 ноември 2023 година кога, според Обвинителството, обвинетите ја грабнале Вања на влезот на нејзината зграда, ја ставиле во вреќа и во гепекот на „цитроенот“ на убиениот велешанец Панче Жежовски ја однеле во околината Скопје, каде ја застрелал во главата.

Обвинителките после рочиштето дадоа изјава за медиумите, но разјаснувањето на прашањето кои се доказите дека станува збор за користољубие, бидејќи обвинетите не побарале пари, туку веднаш го убиле девојчето обвинителките го оставија за во завршните зборови.

Слични објави