Вчера во 07.20 часот на булевар „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле четириесет и седумгодишниот Н.К. од неготинското село Долни Дисан поради управување на возило под дејство на алкохол.
„При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „ауди“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,46 промили алкохол во крвта. Н.К. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ “, информираат од МВР.