Премиерот Христијан Мицкоски и лидер на ВМРО-ДПМНЕ порача дека сериозно се подготвуваат за претстојните локални избори со цел да направат, како што рече, историски резултат за да продолжи реформската агенда што е почната.
Како политичка партија и како коалиција приоѓаме многу јасно и силно во оваа кампања затоа што сакаме да направиме историски резултат, да продолжи периодот на реформи, на сето она што денеска се гради во Македонија и затоа велам дека и покрај тоа што бројките велат дека Коњановски е победник уште во првиот круг и дека победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде убедлива, ние до последен момент ќе се трудиме да обезбедиме глас повеќе, да убедиме повеќе граѓани да излезат на овие избори бидејќи само на тој начин можеме да ја потврдиме реформската агенда на Владата, изјави Мицкоски при посетата на РЕК Битола.