Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на денешниот настан со МОН и дали има решение за студентскиот оброк, изјави:
Решението е јасно, решението е на маса. Сега гледаме како тоа да го операционализираме заедно со Генералниот секретаријат, Министерството за дигитална трансформација и се разбира Министерството за образование и наука.
Мислам дека сме на добар пат и тоа што ќе го креираме овој пат е навистина нешто иновативно. Нешто кое што ќе им помогне на студентите да се стекнат со поголеми права за споредба со тоа што денеска го имаат и поголеми привилегии, многу поголеми од тоа што денеска го имаат. Така што кога ќе имаме конечен производ, а се очекува многу скоро денеска, ќе ги поканиме студентите и медиумите, да сето тоа го презентираме на јавноста.“