Денес 01.06.2026 година (понеделник) во 16 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува и ќе се обрати на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан- МЕФ 2026, во хотелот „Хилтон“, Скопје.
Форумот се одржува денеска и утре, под мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, а организиран е во партнерство со Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање како една од најзначајните регионални платформи за климатска дипломатија во Југоисточна Европа.?