Мбапе со писмо до ПСЖ!

Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе е во центарот на вниманието поради неизвесноста околу неговата иднина. Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува во 2024 година, но медиумите известуваат дека тој испратил формално писмо до клубот во кое им порачал дека не планира да ја активира опцијата за продолжување на договорот. Тоа значи дека на лето, Мбапе ќе го заврши ангажманот во ПСЖ во 2024 година.

Оваа одлука на Мбапе ги загрижи челниците на ПСЖ, бидејќи можеби ќе мораат да го продадат играчот ова лето. Реал Мадрид е клубот што најмногу се поврзува со Мбапе и веќе се работи за неговото ангажирање. Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, планира да го доведе Мбапе како слободен играч на лето, но можеби ќе има можност и да го купи по поевтина цена поради неговата одлука да не продолжи со ПСЖ.

Минатото лето, Реал Мадрид понуди 180 милиони евра за Мбапе, но тој одлучи да остане во ПСЖ. Сепак, многумина веруваат дека следното лето може да се случи неизбежното Мбапе да го облече дресот на својот омилен клуб од детството и да го исполни својот сон да игра за Реал Мадрид.

Слични објави