Македонија: Заради овие работи се заљубив во неа – Еден од најпознатите блогери за патувања со репортажа за земјава (ВИДЕО)

Ексклузивно: Видео патепис за Македонија од Роберт Дачешин, еден од најпознатите и најпопуларните блогери за патувања кој објави репортажа за убавините на Македонија за која вели дека покрај неговата земја, му е омилената дестинација во која бил на територијата на поранешна Југославија.

Роберт Дачешин е млад човек кој љубовта за патувањата ја споделува со целиот свет преку видео патеписи во кои на дестинациите им дава една поинаква димензија, достапна, привлечна и разбирлива за секој еден од следбениците на неговите профили на инстаграм (@robert_dacesin) и YouTube.

Доказ за неговата успешна приказна се и многубројните награди како наградата за најдобар туристички филм на светот за 2022, Валенсија; сребрена награда за видео записот за БиХ на Фестивалот Терес во Шпанија; прва награда на меѓународниот фестивал за туризам во Јужноафриканската Република и многу други, како и неговото учество на настан во организација на УНЕСКО како млад шампион на мирот.

Дачешин по над 90 посетени земји и направени над 200 видео патеписи за преку 40 земји, оваа година како една од дестинациите за посета ја избра токму Македонија, како 94 земја, и во првото од четирите видеа направени за нашата земја ги претставува и зборува за причините заради кои се заљубил во неа.

„Неверојатните дестинации, вкусната храна која ја вкусивме и прекрасните луѓе кои ги сретнавме на секој агол и на крајот на патувањето останав заљубен во оваа земја и се што таа нуди“, вели Дачешин.

На самиот почеток тој дава совети како странците може да пристигнат во Македонија, како да резервираат, а потоа започнува со тоа каде и што треба да посетат. Сосема очекувано тој ја започнува репортажата од македонскиот бисер Охрид и Охридското езеро и богатата историја и култура. Во репортажата тој не го заборава Тоше Проески, а потоа се осврнува речиси на целата земја и што се нуди земјава од храна до дестинации.

Во очекување на следните видеа, промотивно погледнете го првото видео од серијалот на Дачешин за Македонија.

Слични објави